BookApp
BookApp
  • REGISTER

BookApp

Софтверското решение BookApp  е наменето пред се за стоматолошки ординации кои сакаат да воведат новитет во своето работење. Имено со новото софтверско решение вашата ординација ќе може да ги закажува термините за пациентите во новото софтверско решение и тоа на интернет.

 

Практично стоматолошката сестра ќе ги закажува пациентите на интернет, преку ова софтверско решение, наместо во Вашата тетратка. Секако, најважната предност е што сега, вашите пациенти ќе можат и самите преку интернет да закажат термин, во било кое време, од дома, во било кое време и било кој ден во неделата без да ви се јават. 
За секој закажан термин вие и вашиот пациент ќе добиете емаил порака. 

Поставете си ги следните прашања : 

1. Дали го знам распоредот на пациенти за следниот ден ? (или Понеделник)

2. Дали пациентите трошат време на сестрата во текот на работниот ден ?

3. Дали можат некои пациенти да закажат термин кога нема никој на работа во ординација ?

4. Дали тетратката е уредна ?

5. Дали пациент од Австралија може да планира преглед кај вас 1 месец однапред ?

6. Дали странци може да закажат термин без да се јават ?

7. Дали користите booking.com ?

 

Во денешно време кога многу луѓе се навикнати својот годишен одмор да го планираат преку booking.com, зошто вашите пациенти да не можат да го закажат својот преглед на ист начин.

 dent0

Еве накратко што добивате со нашето ново сотверско решение BookApp :

 

> Распоредот на пациенти може да го гледате во секое време на вашиот лаптоп дома или на вашиот паметен телефон

> Вашата стоматолошка сестра же има малку повеќе време за нејзината основна работа

> Некои ваши пациенти ќе можат да закажат термин преку интернет во било кое време

> Нема да имате потреба од тетратка за закажување

> Странски пациенти или македонци на привремена работа надвор од Македонија ќе може да го планираат својот престој и посета на стоматолог уште пред да патуваат

> Ова е иднината, зошто да не бидете меѓу првите кои го имаат ова софтверско решение

 

dent1  

dent2

 

 

Наша адреса:
ул. Пандил Шишков бр. 3/2/9
Скопје, Р. Македонија
Работно време:
Пон. до Пет. 8.30-16.30
Викенди: Неработни
Телефони:
T-HOME > 02 3172 808
MOBILE > 070 222 358