Страната се вчитува, ве молиме почекајте
Покрај основните информации што треба да ги презентирате на Вашата страна, потребно е да содржи и информации за Вашите производи или услуги што ги нудите. По можност, цените се неодминлив дел на страната, за да можат посетителите да одлучат дали ќе ве повикаат или нема залудно да го трошат сопственното време, но и Вашето.
Истотака, денес се многу интересни презентациите на кои повремено се ставаат и нови информации од областа со која се занивава Вашата компанија.. Но, тоа не е секогаш можно и зависи од изработката на презентацијата.
Сепак, настојувајте тоа да биде динамична презентација, или ако се одлучите за статичка, направете договор компанијата што ја избработила презентацијата да прави повремени измени и дополнувања.
Важен сегмент од ова е и бирањето на Хостинг сервери кои ќе Ви нудат квалитетна поддршка и ќе бидат 99% активни. Секако дека голема улога игра и цената, која за жал на македонските сервери е превисока. Сепак постојат Македонски компании кои нудат хостирање на сајтови на светски сервери по далеку поприфатливи цени, од македонските.
Покрај хостингот, потребно е да се одбере и соодветно име на интернет страницата, за да можат Вашите клиенти полесно да Ве најдат. Квалитетот на изработката не значи само интересен дизајн, ами вклучува и внатрешни сегменти во изработката кои не се видливи за корисниците, но се од големо значење за светските сервери за пребарување како Google, Yahoo,… параметри од кои многу зависи на кое место (и дали воопшто) ќе се најдете на листите за пребарувње.